Промовирана инвестиција од 10 милиони евра во македонските железници, која ќе го подобри квалитетот на услугите и безбедноста. Пуштен во функција нов телекоманден центар со кој ќе се следи целокупната железничка мрежа во земјава, како и новите 36 товарни вагони, четири дизел локомотиви и две современи електрични локомотиви.

&nbsp

– Ова е инвестиција каква што одамна немало во македонската железница и е крупен исчекор во насока на подобрувње на условите за работа, на подобрување на безбедноста на возовите и се што значи подобар квалитет на услугите, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески обраќајќи се на промоцијата на новата опрема.

&nbsp

Според него,  оваа инвестиција е доказ како Владата и петпријатието ја планираат иднината на компанијата, на вработените, иднината која секако се очекува да биде подобра, а која може да се случи само со инвестиции.

&nbsp

– Тука не застануваме. Владата ќе продолжи со инвестиции во железниците и во подобрување на брзината, и на безбедноста, и сигурноста на  нашите пруги. Владата има веќе склучено договор со Светската банка во вредност од 17,5 милиони евра, инвестиција која ќе почне оваа година, а се однесува на реконструкција на Коридорот 10, рече министерот, додавајќи дека станува збор за инвестиции од 30-тина милиони евра во македонските железници кои ќе  значат подобар квалитет и работење на двете претпријатија, обезбедена работа за работниците во двете претпријатија, како и подобра конкурентност на индустријата, особено на металната индустрија.

&nbsp

 

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека во Македонија, следејќи ги примерите на развиените земји, по подолг период се инвестира во железничкиот транспорт. Според него, со оваа инвестиција и ревитализацијата на пругата на Коридорот 10, самиот Коридор ќе се издигне на една повисока основа.

&nbsp

– Ова е еден пионерски чекор бидејќи во наредниот период планираме, согласно новата програма и чекорите што ги имаме преземено, и обновување на возниот парк во патничкиот сообраќај кој навистина претставува лоша слика во железничкиот сообраќај во Македонија, истакна министерот Јанакиески.

&nbsp

Проектот, како што истакнаа директорите на инфраструктура и транспорт Бесим Деари и Оливер Деркоски, се реализира од 2007 година, а целта е задоволување на европски стандарди на железничка структура и подигање на нивото на безбедноста, автоматизација на процесите и замена на човечкиот фактор.

&nbsp

– Со оваа инвестиција завршивме еден дел од реформите во македонските железници. Ова е само еден мал чекор кон она што ќе следи во модернизација на железницата, а целта е да го смениме и имиџот на македонските железници и да влеземе во европскиот коридор на транспортни компании, рече Деркоски.(МИА)

Comments are closed.