12 март 2018 година, Скопје – Пред Музејот на Град Скопје утрово тргна поворката симболично наречена Марш на живите, во спомен на депортираните македонски Евреи пред 75 години. 

 

Во поворката учествуваше и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Зоран Заев. 

Премиерот Заев нагласи дека “историјата се повторува само за оние коишто остануваат слепи кон минатото“. 

– Денес ги повторуваме лекциите од минатото за уште посилно да си го осветлиме патоказот за иднината кој заеднички го избравме. Омразата не е наш избор, истакна Заев. 

Comments are closed.

Close Search Window