18 септември, Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска оствари средба со новиот амбасадор на Германија во Македонија, Томас Норберт Герберих.
На средбата беа истакнати пријателските односи помеѓу Германија и Македонија. Министерот Тевдовски го запозна амбасадорот со реформите што се спроведуваат во финансискиот систем, особено мерките што се преземаат за подобрување на транспарентноста и отвореноста кон јавноста.
Амбасадорот Герберих истакна дека ги поздравува реформите што ги спроведува Владата и дека Македонија ја има поддршката од Германија во евроатлантските интеграции.
Од двете страни беше истакнато дека во иднина ќе се залагаат за интензивирање на соработката на повеќе нивоа.