Скопје, 29 септември 2016 (МИА) – Воспоставувањето на двата нови регистри за обезбедени трансакции и функционирањето на проектот „Тендерско досие“ биле главни теми на разговор при денешната посета на министерот за финансии Кирил Миноски на Централниот регистар на Република Макеоднија.

– Министерот Миноски ја поздрави успешната работа на Централниот регистар како клучен за реформскиот процес во делот на подобрување на бизнис-климата во Република Македонија и ја истакна улогата што ја има оваа институција во олеснувањето на условите за водење бизнис и во зголемувањето на сигурноста во правниот промет, соопшти по посетата Централниот регистар.

Директорот на Централниот регистар, Андреа Поповски, кој детално го брифирал министерот за реализираните и тековните проекти што произлегуваат од програмата на Владата, нагласил досегашната плодна соработка со Министерството за финансии како клучен фактор за спроведување на реформите и унапредување на процесите опфатени во делокругот на работа на Централниот регистар.

– Министерот и директорот се заложија за понатамошна успешна соработка во насока на исполнување на барањата на граѓаните и на бизнис-заедницата, со цел спроведување на владините политики за унапредување на условите за водење бизнис, се вели во соопштението.

Comments are closed.

Close Search Window