Министерот за финансии Трајко Славески денеска присуствуваpше на состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Скопје. На состанокот беа дискутирани повеќе теми поврзани со светската економска криза и нејзиното влијание врз домашната економија.

 

Посебен акцент беше ставен на ефектите на кризата врз финансискиот сектор и прашањата поврзани со ребалансот на буџетот и аранжманот со ММФ.

 

Министерот истакна дека во 2008 година македонската економија продолжи да бележи позитивни финансиски резултати и покрај негативните влијанија на окружувањето. Сепак, влијанието на глобалната еконосмк криза почна да се чувствува кон крајот на минатата година и од почетокот на оваа година. И покрај тоа резултатите кои ги постигна земјава се значително подобри во однос на некои други држави од регионов како Хрватска и Србија.

 

Во своето излагање министерот се осврна и на трите пакети антикризни мерки кои Владата ги донесе за ублажување на последиците од кризата како и на резултатите кои се очекуваат од истите.

 

 

Comments are closed.