Делегација на Министерството за финансии, предводена од министерот д-р Трајко Славески, на 15 и 16 мај 2009 година ќе учествува на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој, што се одржува во Лондон.

 

За време на настанот, министерот Славески, како гувернер на Република Македонија во ЕБОР, ќе учествува во работата на заседанието на Бордот на гувернери, при што ќе има обраќање во име на Република Македонија.

 

Покрај тоа, за време на Годишното собрание, министерот за финансии Трајко Славески ќе оствари повеќе средби со високи претставници на меѓународни финансиски институции, како што се ЕБОР, Европската инвестициска банка и Банката при Советот на Европа, при што би ја издвоиле средбата со Претседателот на ЕБОР, г-динот Томас Миров.

 

Покрај средбите со овие меѓународни финансиски институции, министерот Славески ќе има средби и со претставници на инвестициски банки, како и со приватни инвеститори. Во рамки на настанот, министерот Славески заедно со директорот на Агенцијата за привлекување странски инвеститори Инвест Македонија, г-динот Виктор Мизо, ќе одржат презентација на Република Македонија пред повеќе заинтересирани инвеститори и меѓународни финансиски институции.

Comments are closed.