2 август 2017, Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски ја предводеше владината делегација на чествувањето на празникот Илинден во с. Смилево. Тој во спомен паркот „Даме Груев“ говореше за важноста на двата Илиндена за Р. Македонија.
Во своето обраќање особено ја потенцираше потребата за обединување. Министерот Тевдовски повика на ставање „стоп“ на омразата и поделбите по етичка, религиозна, партиска или која било друга основа. Владата на РМ е Влада на сите граѓани и таа има за цел да овозможи подобар живот и иднина за секој од нас.
На свеченоста беше положен и венец на споменикот на големиот македонски револуционер Даме Груев, чие родно место е токму селото Смилево.