18 јули 2018, Скопје – Соработка и размена на искуства за среднорочно буџетирање, управување со долгот, даночната политика и јавната внатрешна финансиска контрола,  беше договорено денес помеѓу министерствата за финансии на Македонија и Холандија. Потпишана е Билатерална програма 2018-2019 година, преку која се договара соработка помеѓу двете министерства.

Денес на средба во Министерството за финансии, заменик-амбасадорот на Кралството Холандија Андри Ван Менс му ја врачи Билатералната програма на министерот за финансии Драган Тевдовски, која министерот ја потпиша.

Во рамки на билатералната соработка предвидени се обуки, пренесување знаења и искуства, консултации и студиски посети.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window