Нов финансиски инструмент на пазарот на државни хартии од вредност државни хартии од вредност со девизна клаузула, воведе од денеска Министерството за финансии.
 
Со воведувањето на овие државни хартии од вредност Владата сака да испрати јасен сигнал дека и понатаму верува во стабилноста на домашната валута.Истовремено се укажува дека воведувањето на овие финансиски инструменти е во насока на долгорочната ориентација за приклучување кон Европската Монетарна Унија.Воведувањето на овој финансиски инструмент е со цел поттикнување на развојот на финансиските пазари, зголемување на бројот на финансиски инструменти и поттикнување на конкуренцијата во финансискиот сектор.
 
Првата аукција на краткорочни државни записи со девизна клаузула е планирана да се реализира на 16 јуни 2009 година, при што Министерството за финансии ќе издаде 3-месечни и 12-месечни државни записи со девизна клаузула. Во зависност од тоа како ќе бидат прифатени краткорочните државни записи со девизна клаузула од страна на инвеститорите, во идниот период се планира и воведување на долгорочни хартии од вредност со девизна клаузула.