Скопје, 7 мај 2014 (МИА) – Министерството за финансии денеска враќа 6,95 милијарди денари во стопанството по основ доспеани државни хартии од вредност.

Како што соопшти Министерството за финансии, вчера на аукција беа запишани 6,26 милијарди денари, што значи дека денеска се враќаат 684 милиони денари (11,1 милиони евра) повеќе отколку што вчера беа повлечени. Според Министерството ова се свежи средства кои Владата ги става на располагање за да се подобри ликвидноста на стопанството, односно средства кои банките може да ги пласираат како кредити на фирмите.

– Владата и Министерството остануваат посветени на зголемување на ликвидноста на домашниот пазар на капитал за бизнисот. Пред два месеца Владата на Република Македонија обезбеди нова кредитна линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра, субвенционирани кредити за малите и средните претпријатија, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Comments are closed.

Close Search Window