7 август 2014 – Министерството за финансии денес ја исплати пензијата за август. На сметките на 287.240 пензионери префрлени се 3 милијарди 579 милиони денари.

Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.466 денари.

Владата на Република Македонија продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите, на тој начин обезбедувајќи поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.