30 април 2018, Скопје – Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државен и јавен долг за првото тримесечје од годинава, односно заклучно март 2018.
На крајот од првото тримесечје државниот долг изнесува 39,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 47,2% од БДП. Споредено со крајот на 2017 година, државниот долг е повисок за 0,3 процентни поени, додека јавниот долг е понизок за 0,3 процентни поени.
Податоците можат да се најдат на следниот линк.