Министерството за финансии денес го достави и објави предизборниот финансиски извештај, во кој даде преглед на сите планирани и реализирани приходи и расходи од Буџетот на Република Македонија по ставки, во периодот од 1.1.2014 до 19.3.2014.
Извештајот е уредно доставен до Државната изборна комисија. Ова е согласно последните измени и дополнувања на Изборниот законик (Сл. весник на РМ бр. 14 од 24.1.2014 година, член 2 став 4) каде е уредена обврската Министерството за финансии да поднесе и објави предизборен финансиски извештај две недели по распишување на изборите.