5 август 2014 – Министерството за финансии денеска исплати 89,2 милиони денари субвенции на 842 земјоделци за поддршка на две мерки во сточарството.

Од нив 81,4 милиони денари се исплатени на 563 земјоделци за обележани грла овци.

За одбележани грла кози исплатени се 7,8 милиони денари на 279 земјоделци.

Поединечно мерката и за овци и за кози изнесува по 1.000 денари по обележано грло.

Преку исплата на субвенции Министерството за финансии и Владата на РМ продолжува со поддршка на земјоделството како една од носечките гранки во економијата.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window