Министерството за финансии, Народна банка на Република Македонија и Агенцијата за супервизија на осигурувањето по повод Светскиот ден на штедењето објавуваат конкурс за избор на најдобра ликовна и литературна творба на тема „И јас умеам да штедам“ или на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“.

На конкурсот може да учествуваат деца и млади од основното и средното образование и тоа од основно образование со ликовна творба, а од средното образование со литературна творба – поезија на зададените теми.
Крајниот рок за доставување на творбите е 28 октомври 2015 година.

На авторите на 12 најуспешни творби ќе им бидат доделени парични награди во износ од 3.000 денари.

https://www.finance.gov.mk/mk/node/5354

 

 

Comments are closed.