Скопје, 4 јуни 2012 (МИА)– Министерството за финансии денеска ја исплати годишната рата по основ на обврзници за денационализација од I до X емисија.
Како што соопшти Министерството, исплатени се 1.420.887.582 денари, од кои за главнина 1.292.305.697,50 денари, додека за камата 128.581.884,50 денари.
Со денешната исплата во целост е исплатена првата емисија на обврзниците за денационализација, која беше издадена во јуни 2002 година.
– Денешните исплати се уште една потврда на заложбите на Министерството за финансии за редовно и навремено сервисирање на сите доспеани обврски кон граѓаните и стопанството. Оваа исплата ќе придонесе и за подобрување на ликвидноста на стопанството, имајќи го предвид фактот дека околу 1 милијарда денари се префрлени на сметки на правни лица-иматели на овие обврзници, стои во соопштението.