Скопје, 1 март 2012 (МИА) – Министерството за финансии денеска исплати 18,7 милиони денари дополнителни субвенции на 2.237 производители на ориз и сончоглед.

 

Во соопштението од Министерството за финансии се наведува дека покрај извршената претходна исплата за овие култури по 8.500 денари по хектар, денеска се исплатија и дополнителни 3.500 денари по хектар, со што вкупната подршка за ориз и сончоглед за поднесените барања во 2011 година изнесува 12.000 денари по хектар или вкупно 57,7 милиони денари.

 

– Владата на Република Македонија останува посветена во поддршка на земјоделството како една од носечките гранки во македонската економија, стои во соопштението од Министерството за финансии.

 

Comments are closed.

Close Search Window