Министерството за финансии ги известува граѓаните дека е извршена исплата од 20.000.000,00 ЕВРА во денарска противвредност, по основ на издадени обврзници за денационализација и тоа:

&nbsp

-Oсма главница и камата за обврзниците за денационализација од Прва емисија;

&nbsp

-Седма главница и камата за обврзниците за денационализација од Втора емисија;

&nbsp

-Шеста главница и камата за обврзниците за денационализација од Трета емисија;

&nbsp

-Петта главница и камата за обврзниците за денационализација од Четврта емисија;

&nbsp

-Четврта главница и камата за обврзниците за денационализација од Петта емисија;

&nbsp

-Трета главница и камата за обврзниците за денационализација од Шеста емисија;

&nbsp

-Втора главница и камата за обврзниците за денационализација од Седма емисија и

&nbsp

-Прва главница и камата за обврзниците за денационализација од Осма емисија.

&nbsp

Исплатата на обврзниците за денационализација се одвива во десет годишни рати. Со исплата на првата емисија на обврзници е започнато во 2003 година.

Comments are closed.