Министерството за финансии ја исплати субвенцијата за произведено и продадено кравјо, козјо и овчо млеко во износ од 215,8 милиони денари на 7.808 сточари. При тоа на четврти овој месец се исплатени 31,5 милиони денари, а денеска се исплатени преостанатите 184,3 милиони денари.

 

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по произведен и продаден литар млеко со вклучена дополнителна поддршка од 15 проценти за подрачја со отежнати услови за производство.

 

Владата на Република Македонија и Министерството за финансии продолжуваат со поддршката на земјоделството и одржување на ликвидноста во стопанството.

 

Comments are closed.