На најдобрите десет студенти од секоја генерација од Економскиот факултет во Скопје ќе им биде понудена работа во Министерството за финансии, а на 20-ина студенти волонтерски ангажман во владините институции.

&nbsp

Таква соработка во име на Владата понуди вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната средба со деканот на Економскиот факултет Љубомир Кекеновски.

&nbsp

– Студентите ќе може да добијат практични искуства, а државните институции да изградат поблизок однос со студентите од Економскиот факултет за нивен натамошен ангажман, изјави по средбата министерот Ставрески.

&nbsp

Од понудената соработка, истакна министерот, ќе имаат корист двете страни преку подобрување на квалитетот на лицата кои се вработуваат во јавниот сектор и ќе се направи спој на науката со државата во насока на подобрување на квалитетот на администрацијата.

&nbsp

Според деканот Кекеновски, станува збор за продуктивна соработка, но и комплимент за Економскиот факултет кој ги има најдобрите студенти.

&nbsp

– Ова ќе биде од корист на студентите кои ќе можат во интеракција меѓу владините институции и економската теорија и знаење да ги подготват и да ги спроведуваат одлуките кои ќе бидат базираните на економските законитости кои ги изучуваат, рече Кекеновски, истакнувајќи дека понудената соработка е прво јавно-јавно партнерство.(МИА)

Comments are closed.