На вчерашната аукција на државни хартии од вредност, банките понудија 6,18 милијарди денари (100,5 милиони евра), но Министерството за финансии запиша 3,6 милијарди денари (58,5 милиони евра), односно колку што доспеваат за враќање денеска.

Големиот интерес за записите говори за вишокот ликвидност во банкарскиот сектор, па преостанатите 42 милиони евра Министерството очекува банките да ги пласираат кај фирмите и граѓаните во вид на кредити.

Со тоа практично ја реализираме определбата во 2013 повеќе пари да останат за стопанството.

Можноста за помало задолжување на домашниот пазар се должи на добрата наплата на приходите и полнењето на буџетот согласно проекциите во првите два месеци од годината, како и обезбедените средства на надворешниот пазар со помош на гаранцијата од Светска банка. Со тоа буџетот е во сосема добра кондиција и може редовно и навремено да ги сервисира своите обврски.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window