Преку проектот „Финансиско образование“ Министерството за финансии спроведе обука на 466 ученици од основните и средните училишта.
Годинава беа одржани предавања во основните училишта „Круме Кепески” од Кисела Вода, „26-ти Јули” и „Браќа Рамиз и Хамид ” од Шуто Оризари, „Ѓорче Петров” од Ѓорче Петров и „ Св. Климент Охридски” од Македонски Брод, на тема „Учиме за парите и штедењето”.
Исто така беа одржани и предавања на тема „Пазарот на капитал во Република Македонија” во средните училишта „Васил Антевски Дрен” од Кисела Вода и „Св.Наум Охридски” од Македонски Брод.