Скопје, 28 септември 2016 (МИА) – Во декември годинава пензионерите ќе го добијат ветеното покачување на пензиите од 670 денари.

Ова го најави министерот за финансии Кирил Миноски во денешното образложение на Предлог-буџетот за 2017 година пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.

– Во декември, со исплата на ноемвриската пензија ќе се исплати и ветеното покачување на пензиите. Повеќе од 300.000 пензионери ќе добијат покачување од околу 670 денари или во просек покачување од 5 проценти, рече Миноски.

Тој додаде дека покачувањето ќе биде линеарно кај сите пензионери, а најголемо ќе биде кај оние со пензија помала од 9.000 денари, каде што ќе изнесува 8 отсто. 

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.