Политичката криза, и покрај здраво поставените економски политики, почна да покажува ефекти врз економијата, вели во интервју за МИА министерот за финансии Кирил Миноски. Цел на фискалната политика, како што истакнува е да се обезбеди ликвидност на приватниот сектор преку редовна исплата на платите, пензиите, субвенциите, социјалната помош, како и задржување на соодветно ниво на капитални расходи за да се поддржи економскиот раст, истакнува тој.
Миноски во интервјуто вели дека ребаланс на буџетот ќе биде одговор на ефектите од политичката криза, односно реакција на успорување на растот преку поддршка на приватната потрошувачка и јавните инвестиции.
– Капиталните инвестиции остануваат на високо ниво, повисоко од минатата година. Продолжуваме со спроведување на крупните инфраструктурни проекти. Продолжуваме со изградба на автопатишта, на регионални патишта, локални патишта, со реконструкција на железницата, со изградба на училишта, болници. Согласно веќе воспоставената практика, како и секоја година и оваа ќе се реализираат најавените покачувања на социјалната помош во јули и пензиите во септември – вели министерот за финансии Миноски.
Миноски вели дека со оглед на корегираните проекции за раст и пролонгирањето на политичката криза во земјава Владата му дала мандат на Министерството за финансии да го истражи пазарот за издавање на еврообврзница. Во следниот период тим од Министерството за финансии ќе го истражи пазарот и доколку се создадат поволни услови би се издала еврообврзница. Миноски нагласува дека внимателно се следат и случувањата со реферндумот во Велика Британија, кои ќе имаат директно влијание врз меѓународниот пазар на капитал.