11 ноември 2016, Скопје – Денес министерот за финансии Кирил Миноски прими делегација од Македонско – Турската Стопанска комора (МАТТО), предводена претседателот на комората Туна Ејуп Кахвеџи.

На средбата министерот за финансии и членовите на комората имаа можност да дискутираат за актуелни прашања за климата за водење бизснис во Македонија, како и да дадат сугестии и идеи за нејзино понатамошно унапредување.  

На крајот на средбата на министерот за финансии Минсоки му беше врачена плакета како симбол на добрата соработка од страна на претсдеталот на комората Кахвеџи.

Покрај Претседателот на МАТТО присуствуваа и дел од членките на Управен Одбор, Турхан Адеми од Халк банка, Мунир Колашинац од Вардар Експрес, Асмир Јахоски од Пуцко Петрол, Барчин Борахан од Рамстор, Барчин Шенсојлу од Суташ и Муртеза Сулооџа од Јени Балкан.

 

Comments are closed.