Министерот за финансии Кирил Миноски и директорката на Управата за јавни приходи Анастасија Илиеска денеска остварија средба со претставникот на Меѓународниот монетарен фонд Кристофер Барлоу.

Повод за средбата беше проектот за модернизација на Управата за јавни приходи, кој се одвива под покровителство на Фондот. Целта на проектот е преку ангажирање и поддршка на експерти од ММФ подигнување и зајакнување на административниот капацитет и организацијата на Управата за јавни приходи.

Овој проект произлегува од долгогодишната соработка на Управата и Фондот и е показател за партнерскиот однос и соработката со ММФ.

Comments are closed.

Close Search Window