Скопје, 26 јули 2016 (МИА) – Министерот за финансии Кирил Миноски денеска на собраниска расправа за ребалансот на Буџетот истакна дека правното мислење за еврообврзницата, како што предвидува постапката за издавање на еврообврзница, е потпишано денеска од страна на министерот за правда.
– Сакам да истакнам дека во изминативе десет дена беа изречени бројни дискредитации против Министерството за финансии и министерот за финансии, со што му се нанесува штета на Министерството и министерот, и институционална и лична. Против сите тие кои со невистини и шпекулации сакаа да и наштетат на Македонија ќе бидат поднесени соодветни пријави и барања за оштетни побарувања, истакна министерот Миноски.