Мисија на Меѓународниот монетарен фонд предводена од Весли Мекгру од денеска во редовна консултативна посета на Фондот во Македонија. Ќе  анализираат политиките за 2009 година и ќе се направи осврт на 2010 година, како и за очекувањата потоа во однос на економските случувања.

&nbsp

Мекгру по првата средба денеска во Министерството за финансии изјави дека ова се редовни годишни средби кои ММФ ги прави со сите земји. – Ова е прв состанок. За време на престојот ќе имаме многу средби со Владата и Централната банка, рече Мекгру.

&nbsp

– Ќе разговараме за фискалната политика, за монетарната политика, за трговскиот дефицит, тековната семтка на билансот и сите прашања што се релевантни за оценка за тоа дали во Македонија се водат квалитетни економски политики, потенцира министерот Ставрески по средбата.

&nbsp

 

Тој појасни дека ја информирале Мисијата на ММФ до каде се подготовките за буџетот за 2010 година и кои се главните параметри околу макроекономските претпоставки.

&nbsp

– Тие имаат исто видување за економијата како ќе се движи во 2009 и во 2010 година и ни беше кажано дека ќе има ревидирање на нивната проекција за БДП на подобро, со помалку негативен раст. За 2010 година сме на иста проекција за основните движења на БДП дека ќе се врати во позитивната зона и дека ќе има два проценти раст, истакна министерот Ставрески.

&nbsp

Тој изрази задоволство од полнењето на Буџетот и рече дека тоа се одвива според предвидената динамика.

&nbsp

– Има знаци на стабилизација на приходите. Се разбира, се уште економијата е во една чувствителна фаза, така што и приходите соодветно на тоа во оваа ситуација се остваруваат со динамиката што ја планиравме. Очекувам од месец за месец ситуацијата да биде подобра, но ние сме секогаш подготвени да реагираме доколку има изненадување на приходната страна  и се разбира ќе ја прилагодиме расходната страна соодветно со цел да го задржиме буџетскиот дефицит, изјави министерот за финансии Ставрески и додаде дека проценките се дека ќе има доволно средства и оти ќе се исфинансира буџетскиот дефицит и оној во тековната сметка.

&nbsp

Министерот Зоран Ставрески појасни дека за оваа година е затворено финансирањето и оти нема причина да се склучува аранжман со Фондот, а за следната година и за наредните се зависи од вкупната економска ситуација во светот и од можностите за обезбедување финансиски средства.(МИА)

Comments are closed.

Close Search Window