Меѓународниот монетарен фонд е оптимист за економската состојба на земјата и очекува позабрзан раст наредната година, иако смета дека се уште постојат ризици, кои се од надворешен карактер.

&nbsp

Ова е оценката од двонеделната Мисија на ММФ во земјава, која ја искажа денеска шефот на Мисијата на ММФ за Македонија Вес Мекгру на заедничка прес-конференција со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Петар Гошев.

&nbsp

Мекгру посочи дека фискалниот таргет за наредната година е соодветен, а кај монетарната политика смета дека е ограничен просторот за натамошно релаксирање. Упатува на постоење повисоки надворешни ризици отколку вообичаено.

&nbsp

– Економскиот раст годинава беше бавен, меѓутоа очекуваме наредната година да забрза. Негативните трендови кои доведоа до рецесија во 2009 и почетокот на оваа се чини дека се намалуваат, извозот се зголемува, каматните стапки се намалуваат, депозитите се зголемуваат така што има солидна ликвидност на банките и сето ова придонесува за подобри резултати и зголемување на растот за наредната година, рече Мекгру.

&nbsp

Мисијата очекува производството дека ќе расте нешто повеќе од еден отсто во 2010 година, инфлацијата дека ќе биде околу 1,5 проценти, а растот за наредната година меѓу 3 и 3,5 проценти. И натаму смета дека макроекономската и фискална позиција е во добра состојба.

&nbsp

– Фискалниот таргет на дефицитот од 2,5 проценти од БДП за наредната година е соодветен во поглед на моменталната состојба. Оваа фискална позиција ќе помогне во поддржувањето на производството и вработеноста и ќе ја минимизира потребата од кратење на трошоците, а че го задржи долгот на умерено ниво, реќе Мекгру и додаде дека на среден рок дефицитот треба посетепено да се намалува што ќе придонесе за зачувување на ниското ниво на јавен долг што ќе даде резултати за подобра изведба во услови на криза.

&nbsp

– Во монетарната политика добрата состојба придонесе за значително намалување на каматните стапки и проценката на ММФ е дека е ограничен просторот за натамошно ограничување на монетарната политика. Мекгру појасни дека ограничен е простор во делот на НБРМ, а оти деловните банки имаат простор да ги намалат каматните стапки.

&nbsp

Мисијата смета дека Народната банка значително ја намали својата каматна стапка во текот на изминатата година на 4,5 проценти и оти тоа е соодветен одговор на олабавувањето на надворешните притисоци врз финансирањето во контекст на слаб растеж и ниска инфлација. Еден од ограничувачките фактори за натамошно релаксирање, според Фондот, е што различката меѓу каматните стапки на НБРМ и европската централна банка се намали и кога таа премногу би се намалила би довело да замена на денарските средства на македонските граѓани за девизи што би создало притисок врз девизните резерви.

&nbsp

За отворената кредитна линија од ММФ Мекгру истакна дека разговорите што се водени се добри, но оти останува на Владата да одлучи дали ќе ги користи средствата.

&nbsp

Како што појасни тој овој кредит има различни услови од стенд бај аранжман, а целта е да даде обезбедување на земјата и поголема доверба за земјава во случај на надворешни ризици.

&nbsp

Според Мекгру ваквиот инструмент е од големо значење затоа што дава сигурност во справување со неизвесности и даде сигурност дека може да се реализира буџетот и буџетската политика.

&nbsp

– Со ваквото обезбедување и довебата во економските политики ќе се придонесе за намалување на трошоците и зголемување на можноста на земјата да го финансира дефицитот, истакна шефот на Мисијата на ММФ за Македонија кој посочи дека средствата може да се користат за различни намени како што ќе одлучи Владата. Се одобрува на две години а се прави преглед на шест месеци дали се исполнети стандардите во однос на политиките на земјата и дали економските политики што ги спроведува земјата соодветствуваат на моменталнаат состојба и во зависност од прегледот се обновува.

&nbsp

Вицепремиерот Ставрески рече дека Владата се уште не одлучила по ова прашање и оти ќе се направат политички консултации во Парламентот по што ќе се донесе одлука дали ќе се користат средствата од кредитната линија за претпазливост.

&nbsp

Министерот истакна дека двонеделните разговори беа верификација на економските политики кои се добри и соодветни на состојбите во кои живееме и верификација на тоа дека може да се очекува наредната година поосетно заздравување на македонската економија.

&nbsp

– Постојат повеќе индикатори кои беа истакнати, а тоа е дека во втората половина од годината може да очекуваме продолжување на позитивните движења на страната на извозот, во делот на потрошувачката, пред се стабилизација на потрошувачка пред се врз основа на добрата ликвидност на банките, координираноста на фискалната и монетарната политика во делто на каматните стапки, зголемувањето на депозитите и високиот износ на дознаки, истакна министерот Ставрески додавајќи дека се очекуваат да продолжат и поволните движења кај инвестициите на што ќе имаат влијание и капиталните инвестиции и оваа година, а особено наредната кои се проектирани на многу високо ниво и заедно со заживувањето на приватната инвестициска активност ќе придонесат да се реализира проектираниот раст од околу 3,5 проценти.

&nbsp

За Владата и за Министерството, како што истакна тој, посебно е значајно тоа што вкупната фискална политика е оценета како соодветна и квалитетна за овој период со буџетски дефицит од 2,5 проценти и како што беше кажано се постигнуваат двете цели да се помогне економската активност во овој посткризен период и да се задржи ниското ниво на долг, односно да не се предизвика повисока задолженост.

&nbsp

– Нашите среднорочни планови се поклопуваат со она што беше кажано од Мекгру за постепено намалување на буџетскиот дефицит кој ќе се изврши на среден рок, рече министерот за финансии.

&nbsp

Гувернерот Гошев изрази задоволство што оценките за македонската економија се речиси идентични и во зависност од светската економија може да очекуваме и македонската економија да доживее забрзување.

&nbsp

За монетарната политика, потенцира, дека продолжува со својот стандарден пристап со стабилен девизен курс и контролирана инфлација и барање можност да го помогне кредитниот раст кој се очекува.(МИА)

Comments are closed.