Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија ги ревидираше проекциите за бруто домашниот производ за годинава, од првичните минус 2,5 на минус 1 до 1,5 проценти.

&nbsp

– Изгледите за постепено заживување на растот се добри и очекувам намалување од 1 до 1,5 проценти на БДП за годинава, што претставува нагорна корекција во однос на претходната проекција за пад од 2,5 проценти, оцени денеска шефот на мисијата на ММФ за Македонија, Вес Мекгру по завршувањето на редовната годишна посета на Мисијата во земјава.

&nbsp

Според Мекгру, економската состојба во Македонија е подобрена, а ризиците за нестабилност се намалени.

&nbsp

– Очигледно дека кризата ја погоди Македонија, но таа напредува многу подобро од другите земји во регионот, рече Мекгру на заедничка прес-конференција со првите луѓе на македонските финансиски институции.

&nbsp

За 2010 година мисијата на ММФ очекува економскиот раст и понатаму да заздравува и да достигне 2 процентa, а ги оценува и како соодветни износите на дефицитот на консолидираниот буџет од 2,8 проценти од БДП за годинава и од 2,5 проценти од БДП за наредната година, имајќи ја предвид моментната состојба од аспект на глобалната економска криза.

&nbsp

Министерот за финансии Зоран Ставрески истакна дека е задоволен од успешните разговорите со мисијата на ММФ, како и од истите очекувања за економскиот раст, стабилизирањето на економијата и очекувањата за нејзино натамошно заздравување.

&nbsp

– Фискалната политика за 2009 година ќе остане на предвидениот траргет за дефицит на буџетот од 2,8 проценти и ќе придонесе за задржување на макроекономската стабилност и давање на умерена поддршка на економскиот раст пред се преку повисокиот износ на расходи на капитални проекти за инфраструктурата, изјави Ставрески, изразувајќи задоволство од поклопувањето на проекциите на ММФ и на Владата за економски раст од 2 проценти за наредната година.

&nbsp

Тоа, укажа Ставрески, е значајано да се задржи трендот на намалување на стапката на невработеност и на пораст на инвестициите.

&nbsp

Прашан за изгледите за евентуално склучување аранжман со ММФ Ставрески рече дека позитивните оценки од Мисијата ќе бидат мотивација за натамошни позтивни активности.(МИА)

Comments are closed.