Скопје, 14 февруари 2013 (МИА) – Македонскиот владин тим, предводен од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска можностите за инвестирање во Македонија ќе ги претстават пред бизнисмени во Доњецк.

Вицепремиерот Ставрески, во рамки на посетата во Украина, денеска ќе има и средба со губернаторот на Доњецк.

Доњецк и Дњепропетровск се двете најразвиени економии во Украина.

На презентацијата на економските потенцијали во Дњепропетровск, украинските стопанственици пројавија интерес за инвестиции во областа на туризмот, земјоделството, производствени дејности, особено во машинската индустрија, рударството, градежништвото и енергетиката.

Можностите за инвестиции во Македонија, владината делегација во чиј состав се министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, претходно ги претстави можностите за инвестирање и пред голем број бизнисмени од Стопанската Комора на Киев. Вицепремиерот Ставрески оствари и средба со заменик министерот за економија на Украина

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.

Close Search Window