Министерството за финансии на денешната аукција продаде државни хартии во вредност од 4,47 милијарди денари или 73 милиони евра, со што таа успешно се реализираше.
На аукцијата државни хартии од вредност купија банки, осигурителни компании, пензиски фондови и штедилници.
Со реализација на аукцијата се обезбедуваат ликвидни средства за исплати кон стопанството и граѓаните, како што и беше планирано со Буџетот за 2015 година.
Во текот на декември по основ на стари, доспеани за враќање, хартии од вредност Министерството за финансии ќе им врати на банките 84,6 милиони евра или 5,2 милијарди денари.
Министерството за финансии ќе продолжи со одговорно управување со јавните финансии и партнерски однос со банките и стопанството.