4 јули 2017, Скопје – Министерството за финансии реагира на Одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), со која значително се зголемува висината на минималните трошоци за вршење книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги.
Со Одлуката, неколкукратно се зголемуваат надоместоците за вршење сметководствени услуги.
Согласно Законот за вршење сметководствени работи и Статутот на Институтот, нема основ за донесување на оваа одлука.
Истовремено, Министерството за финансии појаснува дека оваа одлука е надвор од рамките на Законот, со оглед на фактот што Управниот одбор на Институтот има надлежност да ги одреди само критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги, но не и висината на надоместокот за тие услуги.
Спорната Одлука Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, ја донесе на седницата на Собранието на Институтот одржана на 19.5.2017 година.
Во прилог е дописот на министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, до Институтот за сметководители: