2 февруари 2018 година, Словенија – Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски денеска учествува на конференцијата „Продлабочување на Европската монетарна унија“ што се одржува во Словенија.
На конференцијата учествуваат и Мартен Вервеј, комесар за структурни реформи во Европската комисија, поранешниот министер за финансии на Холандија Jероен Дајслблум и министерката за финансии на Словенија Матеја Враничар Ерман.
Целта на конференцијата е споделување на искуствата по финансиската криза и дефинирање на потребите за продлабочување на надлежностите на Европската монетарна унија, како и заштитните механизми за подобра респонзивност во иднина.
Конференцијата е можност да се остварат и билатерални средби во насока на зајакнување на соработката на Министерството за финансии со други институции.