5 март 2019 година, Скопје – Министерот за финансии, Драган Тевдовски, утре ќе се обрати на настан во организација на Светска банка и Корејскиот национален фонд (КТФ) на тема „Можности за обезбедување фискална одржливост“. Настанот се одржува во Виена, Австрија.
На истиот говорници ќе бидат и Линда Ван Гелдер, регионален директор на Светска банка за Западен Балкан, Џорџ Копиц, виш научник во Меѓународниот центар за научници „Вудро Вилсон“ и член на Советот за јавни финансии на Португалија, како и Чунсун Ким, раководител на сектор Буџет во корејското Собрание.