4 октомври 2017, Скопје – Министерот за финансии Драган Тевдовски денес се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.
На средбата, министерот за финансии го запозна италијанскиот амбасадор со спроведените и планираните реформи во областа на јавните финансии и ја истакна заложбата за унапредување на економската соработка помеѓу двете земји.
Од страна на амбасадорот беше изразена поддршка за реформските процеси кои се во насока на зголемување на транспарентноста и унапредување во управувањето со јавните финансии. Исто така, тој истакна дека има простор за подобрување на економската соработка меѓу Македонија и Италија.