Скопје, 13 септември 2016 (МИА) – Министерството за финансии и да ги откаже сите аукции на државни хартии од вредност до крајот на годината – што би предизвикало рушење на финансискиот пазар во земјава, опозицијата сигурно би барала друг начин да прикаже дека државата се презадолжува, стои во реакцијата на Министерството на соопштението од дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов.
– Можеби ќе тргнат против благајничките записи на Народна банка и одржувањето на сигурноста на курсот на денарот и дека Македонија веројатно е единствена земја во светот, каде опозицијата во ПР цели тргнува контра фискални инструменти кои секаде во светот се издаваат на редовна основа, наведува МФ.
Во реакцијата се вели дека секој може да направи споредба колку државни хартии од вредност се издадени од почетокот на годината и колку средства се вратени во стопанството годинава.
– Тоа се јавно достапни податоци на веб страната на Министерството и секој може да увиди дека нето задолжувањето по основ на државни хартии од вредност е значително намалено. Аукцијата која денес не се одржа беше предвидена со Kалендарот за државни хартии од вредност, исто како и други 6 аукции кои изминативе месеци беа предвидени, а не се одржаа. Сепак, тие аукции опозицијата не ги спомнува, бидејќи не се вклопуваат во приказната за „презадолжување, стои во реакцијата.
Посочуваат дека Министерството за финансии не испрати соопштение за откажување на аукцијата, туку одговори на новинарско прашање и оти пропагандата поврзана со државните записи е еднострана активност.