1 ноември 2018, Скопје – Наградени ученици на Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето ‒ 1 ноември. Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. Добивме голем број трудови и во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме. Јавното доделување на наградите ќе се одржи на 16. ноември, 2018 година, во просториите на Министерството за финансии, во 13 часот.
На Конкурсот за ученици од основното образование на тема „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“ пристигнаа 563 ликовни творби, а наградени се следниве ученици:
1. Ванеса Мифтари VIII-3 одд. ОУ „Перпарими“ – Горна Речица, Тетово;
2. Теодора Стефановска IХ-2 одд. ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје;
3. Ива Стојановска II-4 одд. ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје.
Добитници на пофалница:
1. Анастасија Гаврилова VIII-1 одд. ООУ „Никола Карев“ – Радовиш;
2. Симон Бакаловски I-б одд. ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје;
3. Галина Крстевска V-2 одд. ООУ „Гоце Делчев“ – Скопје.
На Конкурсот за ученици од основното образование на тема „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“ пристигнаа 416 литературни творби, а наградени се следниве ученици:
1. Трајче Манчевски VIII-3 одд. ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица;
2. Александар Јанкулоски IV одд. OОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ – Скопје;
3. Михаела Алексовска VIII-2 одд. ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.
Добитници на пофалница:
1. Гордан Станоески VIII-б одд. ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп;
2. Јасмин Балота VI-2 одд. ООУ „Крсте Мисирков“ – Скопје;
3. Виктор Димов III-1 одд. ОУ „Блаже Конески“ – Велес;
4. Јована Филиповска VI-б одд. ОУ „Кочо Рацин“ – Скопје;
5. Ана Јанческа IV-2 одд. ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ – Скопје;
6. Христијан Петрушевски IX одд. ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип;
7. Сара Крстевска VI-а одд. ООУ „Аврам Писевски“ – с. Бардовци, Скопје.
На Конкурсот за ученици од средното образование за есеј на тема „Штедам ‒ мислам на својата иднина“ пристигнаа 48 есеи, а наградени се следниве ученици:
1. Иван Јовановски, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје;
2. Јана Глигоровска, I година, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ – Скопје;
3. Симона Мицева, I-2 година, СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес.
Добитници на пофалница:
1. Борјан Дукоски, I-9 година, Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп;
2. Матеја Ѓорѓиоска, II-1 година, Економско училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифовски-Питу“ – Прилеп.
На Конкурсот за ученици од основното образование на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“ пристигнаа 64 ликовни творби, а наградени се следните ученици:
1. Дамјан Стефанов I одд. ОOУ „Димитар Миладинов“ – Скопје;
2. Дарко Кулевски, VI одд. ОOУ „Тодор Ангелевски“ – Битола;
3. Викторија Ѓорѓиевска, VIII одд. ОOУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка.
На Конкурсот за ученици од основното образование на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“ пристигнаа 53 литературни творби, а наградени се следниве ученици:
1. Христијан Стојанов, VIII oдд. ОOУ „Гоце Делчев“ – Штип;
2. Драгана Петрова, IX одд. ОOУ „Крсте Мисирков“ – Скопје;
3. Сара Цветкова, V одд. ОOУ „Мирце Ацев“ – Скопје.
На Конкурсот за ученици од средното образование за литературни творби ‒ расказ на тема „Што значи за мене осигурувањето на домот и семејството“ пристигнаа 12 раскази, а наградени се следниве ученици:
1. Костанца Билбиловска, II година, Средно училиште „Гостивар“ – Гостивар;
2. Ана Илиева, II година Гимназија „Орце Николов“ – Скопје;
3. Борјан Дукоски, I година Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп.