Скопје, 4 декември 2015 (МИА) – Министерството за финанси, Народната банка на Репулика Македонија и Агенцијата за супевизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите на најуспешните ликовни и литературни творби испратени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги врачија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Советот на експрети на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски.
На конкурсот приситигнаа 310 творби од кои 51 литературни и 259 ликовни. Конкурсот е во рамки на активностите за подигнување на нивото и општата свест за финансиската писменост, вклученост и едукација на населнието, особено на младите. Според организаторите, трите институции, станува збор за креативни и иновативни идеи на децата поврзани со штедењето и осигурувањето. Дипломи и парични награди добија 12-те најуспешни, а беа доделени и пофалници на училиштата кои учествуваа во конкусот.
Вицепремиерот и минисер за финансии Зоран Ставрески истакна дека целта е младите од рана возраст да се научат на финансиските основи кои ќе им требаат и со кои ќе се сретнат и ќе ги употребуваат понатаму во животот.
– Да научат децата како да управуваат со буџетот, како што се трудиме ние за државата да управуваме со буџетот на Република Макеоднија на поголема основа, но концептот е тој и ист, дека мора домаќински да се располага со парите и да се управува со нив на начин кој ќе обезбеди да се искористат за најважните потреби. Но, претходно за да се направи тоа треба да ги имаш, а за да ги имаш треба да штедиш, а исто така и да бидеш осигуран бидејќи има ризици во животот, рече Ставрески.
Потенцира дека децата се нашата иднина и дека ако ја добијат оваа едукација во рана возаст и знаењето таа иднина ќе биде подобра вклучително и во финансиите.
Според него, дека децата преку конкурсот успеале една ваква сериозна тема да ја преточат во весели и разиграни цртежи и ликовни творби. Важно е, им порача, да учите добро, да бидете истовремено љубопитни и креативни, да читате постојано и да осознавате нови знаења на најразлични теми, не само од учебниците, туку и од другите извори.
Според гувернерот Богов, фокусот на активностите е ставен на младите, бидејќи тие понатаму ќе бидат носители на економијата.
– Тие ќе бидат идните сопственици на фирми, прептриемачи, банкари, директори и колку повеќе ќе научат во своето образоваие толку подобри ќе бидат во иднина, рече Богов.
Истакна дека целта е да се добијат граѓани кои ќе имаат поголеми знаења за тоа како се управува со парите и кој се опасности демнат во работењето со парите и со финансиските институции, бидејќи информирани граѓани се оние кои знаат да носат добри одлуки.
Климе Попоски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето истакна дека раната финансиска едукација е многу важна.
– Ние како клучни институции се грижиме за раната финансиска едукација која претставува долгорочена инвестиција за целото општество и државата, рече Попоски.
Информира дека Агенцијата две години по ред веќе промовира сооветни едукативни инструменти во насока на описменување и учење на децата.
Најави дека планираат секоја година да промовираат по еден информативен материјал.

Comments are closed.