Над 100 илјади барања за откуп на дворните места за едно евро за метар квадратен, поднеле граѓаните до Управата за имотно – правни работи до истекување на рокот. Само во текот на последниот ден од предвидениот рок, во Управата биле поднесени 14.000 барања од граѓани за приватизација на земјиштето, соопшти денеска Министерството за финансии.

&nbsp

Оттаму истакнуваат дека ова не е конечната бројка на поднесени барања, бидејќи до подрачните единици се уште пристигнувале апликации по пошта, кои ќе бидат земени предвид, а проектот за откуп на дворните места за 1 евро по метар квадратен го оценуваат како успешен.

&nbsp

Најголем интерес за откуп на дворните места имало во Битола. Во општината, од почетокот на мерката во септември 2009 година, до истекот на рокот има пристигнато скоро 10.000 барања, од кои само последниот ден се поднесени 1.611 барања. Во Прилеп се поднесени 7.835 барања. Над 5.000 апликации за откуп на дворовите се поднесени во општините Кисела Вода (6.836), Штип (5.783), Карпош (5.673), Велес (5.235) и Куманово (5.108). Под 1.000 барања имаат општините Демир Хисар (148), Крива Паланка (530), Кратово (739) и Македонски брод (752).

&nbsp

Како што стои во соопштението од Министерството за финансии, освен огромниот интерес од граѓаните да го откупат своето дворно место по едно евро, значителен интерес покажале и фирмите кои го искористиле попустот од 30 проценти за приватизација на земјиштето кое го користат. До подрачните единици на Управата од март 2010 година односно од почетокот на примента на владината мерка до истекот на рокот, поднесени се вкупно 1.615 барања од правни лица, од кои само од почетокот на годинава регистрирани се 1.266 барања.

&nbsp

– Ако се земе предвид дека над 100 илјади барања се пристигнати од почетокот на мерката, односно за една година, може да се заклучи дека иницијативата „1м2=1евро“ е успешна. Проектот „1м2=1евро“ е разврска на едно децениско прашање, со кој на граѓаните им е дадена историска можност, по симболична цена да станат сопственици на земјиштето кое со години го користеле и го сметале за свое. Со овој чекор тие создаваат капитал за себе и за идните поколенија, се вели во соопштението од Министерството за финансии.(МИА)

Comments are closed.