Скопје, 15 јули 2014 (МИА) – Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе измените на Законот за субвенционирање станбен кредит со кои се намалуваат каматните стапки за граѓаните.

Каматната стапка од 4,99 проценти се намалува на 3,95 проценти за првите три години од отплатата на кредитот и од 5,5 проценти на 4,44 проценти за четвртата и петата година за моделот кај кој се субвенционира дел од месечниот ануитет.

– Кај вториот модел субвенционирање на дел од учеството според кој Владата плаќа 50 проценти од учеството потребно за добивање кредит за стан, односно 75 проценти за куќа, каматната стапка ќе биде 4,5 отсто плус шестмесечен ЕУРИБОР за сето времено траење за исплатата на кредитот, појасни заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини.

Се очекува измените позитивно да влијаат на обезбедувањето поволни услови за решавање на станбеното прашање на граѓаните.

Џеладини нагласи дека интересот на граѓаните за овој проект е голем и оти од почетокот на реализација до почетокот на јули годинава донесени се 307 одлуки за субвенцииониран станбен кредит. Од нив, 238 се за моделот субвенции на ануитет, а останатите за субвенционирање учество. 263 апликации се за купување стан, а 44 се субвенции за изградба на куќа.

Оваа вест е достапна и на: English

Comments are closed.