Одржан АФКОС семинар во Скопје

Во организација на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) со помош на Министерството за финансии на Северна Македонија, оваа година АФКОС семинарот на тема „Фокусирање на циклусот против измама: меѓусебно поврзување помеѓу спречување измама и истраги“ се одржа во Скопје од 18 до 20 септември 2019 година.

afcos

Учество на семинарот зедоа 7-те земји-кандидатки за Европската Унија ​​и потенцијални кандидати, претставници од 3 земји членки на Европската Унија, како и претставници од Грузија, Молдавија и Украина.

Главен фокус на овој семинар беа предизвиците и можностите за спречување измама и неправилности, размена на искуства и добри пракси помеѓу националните власти, како и градење на меѓу институционални односи на соработка.

Семинарот го отворија со своите воведни говори генералниот директор на ОЛАФ, г-дин Виле Итала и Министерската за финансии на Република Северна Македонија, г-ѓа Нина Ангеловска. Главна порака од воведните говори е дека заедничка одговорност е да се обезбеди средствата на Европската Унија да се трошат правилно и здраво, со промовирање на принципот на нулта толеранција за корупција.

Новина на овој семинар беше употребата на slido.com – алатка за интеракција со публика за состаноци, настани и конференции, преку која со интерактивни прашања и анкети во живо, сите присутни зедоа учество и дадоа свој придонес во дискусијата.

afcos

Активно учество на семинарот зедоа:

Како модератори:

  • Маргарет Хофман, Директор за политика на ОЛАФ,
  • Клер Шарф-Кронер, Раководител на одделение А.2. – соседните земји и меѓународни организации,
  • Клеменс Креитс, во Оддел за меѓународни односи, Д.3. – меѓу институционални и надворешни врски, ОЛАФ.

Како панелисти:

  • Данило Цесарели, Јавен Обвинител во Милано, Италија
  • Мирела Ласку, Истражител, Главен инспекторат при Европска Банка за инвестиции,
  • Диего Растети, Полициски службеник, Одделение Д.2. – спречување измама, известување и анализа,
  • Каур Сурели, Раководител на Секторот за финансиска контрола при Министерството за финансии на Естонија,
  • Фатмир Адеми, Раководител на секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор и борба за координација против измама на ЕУ средствата,
  • Андреи Ченди, Директор на ДЛАФ, Агенција за борба против измама на Романија,
  • Корина Улрих, Раковидител на одделение Д.2. – превенција на измами, известување и анализа, ОЛАФ.

Работилниците ги организираа:

  • Ади Крехо, Инспектор, Оддел А.2. – соседни земји и меѓународни организации,
  • Корина Улрих, Раковидител на одделение Д.2. – превенција на измами, известување и анализа, ОЛАФ
  • Диего Растети, Полициски службеник, Одделение Д.2. – спречување измама, известување и анализа и
  • Андреа Бордони, Заменик раководител на Одделение Д.2. – превенција на измами, известување и анализа, ОЛАФ.

Во рамките на семинарот се одржаа четири работилници на теми: практична страна на истрага, известување за неправилности и измами, национални стратегии за борба против измами и улогата на “red flags” во детектирање и превенција на измама, во рамките на кои се разви богата дискусија и преку примери беше споделено искуството од сите земји. Како резиме  на  ваквиот интерактивен начин на работа беа презентирани заклучоците од секоја работилница од самите учесници.

На завршниот говор г-ѓа Маргарет Хофман изрази благодарност до сите учесници на семинарот, го оцени како успешен и истакна дека измамниците делуваат не само во сопствените земји, но и преку граници со просецот на глобализација и евроинтеграција. Поединечното делување на националните власти не е доволно и само со заедничко работење, можеме да ги изведеме пред лицето на правдата и да ги заштитиме финансиските интереси на Европската Унија.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window