[collapsed]

Што е финансиско управување и контрола?

Финансиското управување и контрола е систем на политики, процедури и активности воспоставени од раководителот на субјектот, со цел да се обезбеди разумно уверување дека целите на субјектот се остварени.

[/collapsed] [collapsed]

Што е стабилно финансиско управување и контрола?

Стабилно финансиско управување и контрола е транспарентно, регуларно, економично, ефикасно и ефективно користење на расположивите средства.

[/collapsed] [collapsed]

Што опфаќа финансиското управување и контрола?

Финансиското управување и контрола ги опфаќа финансиските процеси на планирање, извршување, мониторинг и известување за: прибирањето на приходите утврдени во буџетот, управувањето и контролата за извршување на расходите одобрени во буџетот и заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба.

Финансиското управување и контрола треба да се спроведува во сите организациони единици и на сите нивоа на субјектот и ги опфаќа сите средства на субјектот, вклучувајќи ги средствата од Европската унија и од други извори.

[/collapsed] [collapsed]

Што е цел на финансиското управување и контрола?

Цел на финансиското управување и контрола е подобрување на финансиското управување заради постигнување на следните општи цели:

– вршење на работите на правилен, етичен, економичен, ефективен и ефикасен начин;

– усогласување на работењето со законите, другите прописи, утврдената политика, плановите и постапките;

– заштита на имотот и другите ресурси од загуби предизвикани од лошо управување, неоправдано трошење и користење, како и од неправилности и злоупотреби

– јакнење на одговорноста за успешно остварување на задачите

– правилно евидентирање на финансиските трансакции; и

– навремено финансиско известување и следење на резилтатите од работењето.

[/collapsed] [collapsed]

Кој во субјектот е одговорен и отчетен за финансиското управување и контрола?

Раководителот на субјектот е одговорен и отчетен за:

– подготвување, извршување и известување за буџетот на субјектот со кој раководи;

– постојана проценка на системот за финансиско управување и контрола;

– одредување и остварување на целите н асубјектот и изготвување и реализација на стратешките и други планови, како и програми за остварување на општите и посебните цели на субјектот;

– воспоставување на организациска структура и процедури за работа со кои ќе се обезбеди функционирање, следење и развој на стабилно финансиско управување и контрола; и

– управување со ризиците и воведување на соодветни и ефикасни внатрешни контроли.

[/collapsed] [collapsed]

Каква е улогата на внатрешната ревизија во однос на финансиското управување и контрола ?

Внатрешната ревизија проверува како е воспоставен и како функционира системот на финансиско управување и контрола и дава препораки за негово подобрување. Препораките од внатрешната ревизија се вградуваат во системот на финансиско управување и контрола со што тој систем постојано се подобрува. Тоа значи тие имаат иста цел – обезбедување на законито и правилно, односно ефективно, економично и ефикасно користење на сите јавни средства.

[/collapsed]

Оваа вест е достапна и на: Albanian English

Comments are closed.

Close Search Window