На барање на св.николчани оваа среда (30 септември) Караванот Купи куќа, купи стан ќе одржи презентација во свети Николе.

Преставниците од Министерството за финансии пред граѓаните ќе го презентираат проектот, условите за аплицирање, висината на субвенциите, моделите кои можат да се користат и процесот како да се аплицира.

Во рамки на презентацијата ќе биде претставена и локалната понуда на станови, како и плацеви за изградба на куќи кои ги нуди општината.

Презентацијата ќе се одржи во 17 часот во Општината.

Минатата недела, при работна посета на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во Свети Николе, граѓаните искажаа голем интерес за Купи куќа, купи стан. Некои од нив веќе го имаа искористено проектот и сакаа позитивното искуство да го пренесат на своите сограѓани. Свети Николе ќе биде посетено од Караванот на нивна иницијатива.

Караванот Купи куќа, купи стан држи презентации низ градовите во Македонија со цел да го приближи проектот до секој граѓанин кој има потреба од него.

 

Comments are closed.

Close Search Window