21 август 2018 година, Скопје – Нема ново нето задолжување со денешната аукција. На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 405 милиони денари (6,6 милиони евра), од кои на 30.08.2018 година ќе се вратат 405,3 милиони денари (6,6 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. 

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 405 милиони денари со камата од 1,00%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплаќаат на 30.08.2018 година се 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 405,3 милиони денари со камата од 4,60%.

Во текот на месец август по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 2,4 милијарди денари или 38,4 милиони евра.

Comments are closed.

Close Search Window