15 јануари 2019, Скопје – На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 700 милиони денари (11,4 милиони евра), од кои по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, Министерстовто за финансии на 14.01.2019 година веќе врати 250 милиони денари (4,1 милиони евра), а на 23.01.2019 година ќе се вратат 868,6 милиони денари (14,1 милиони евра).
На аукцијата беа запишани 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 700 милиони денари по намалена каматна стапка од 1,10%
Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои веќе се отплатија се 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 690 милиони денари со камата од 2,60%, а на 23.01.2019 година ќе се отплатат
12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 475 милиони денари со камата од 1,20% и 5-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 393,6 милиони денари со камата од 4,60%.
Во текот на месец јануари по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,9 милијарди денари или 32,2 милиони евра.