4 септември 2018, Скопје – На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 780 милиони денари (12,6 милиони евра), од кои на 05.09.2018 година ќе се вратат 779,7 милиони денари (12,6 милиони евра) по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Со ова, нема ново нето задолжување од оваа аукција.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 780 милиони денари со камата од 0,90%.

Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои се отплаќаат на 05.09.2018 година се 12-месечни државни записи во износ од 779,7 милиони денари со камата од 1,85%.

Во текот на месец септември по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 4,2 милијарди денари или 68,5 милиони евра.

Comments are closed.