Министерството за финансии денеска во стопанството врати 1,8 милијарди денари по однос на доспеани за исплата државни хартии од вредност. Во среда по истата основа, Министерството за финансии ќе врати 115 милиони денари. Тоа се вкупно 1,915 милијарди денари кои што Министерството оваа недела ги враќа во стопанството по основ на доспеани државни хартии од вредност.

 

Аукцијата на државни хартии од вредност закажана за утре е во износ од 1,915 милијарди денари, или идентична сума колку што се враќа неделава – што значи дека нето-задолжувањето по оваа аукција е еднакво на нула.

 

Ова се јавни податоци, достапни на веб-страната на Министерството за финансии и може секој да ги провери, вклучително дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, кој тврди дека утре се побаруваат средства 17 пати повеќе отколку што се враќаат.

Comments are closed.

Close Search Window