21 јули 2017, СкопјеМинистерството за финансии го издаде полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот на Р.М.

Во овој извештај е опфатен периодот од јануари до јуни 2017 година.

Тимот на МФ го дополни полугодишниот извештај со цел јавноста да добива детални информации за извршувањето на буџетот во првите 6 месеци од годината.

До сега полугодишниот извештај имаше само 9 страни и содржеше високо агрегирани податоци.

Со измените, јавноста на 21 страна може да прочита многу подетални информации за извршувањето.

Новиот извештај содржи објаснување за макроекономските движења и проекции.

Дополнително тој е придружен со Ексел табела која содржи детални информации за извршувањето на буџетите на сите пооделни буџетски кориснинци.

Извештајот може да го погледнете на следниот линк.

Comments are closed.