Учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2021 година имаат обврска да поднесат финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања на образецот даден во прилог. Роковите за доставување на финансиските извештаи и институциите до кои извештаите се доставуваат се утврдени во членовите 84-б ставови (1), (2), (3) и (4) и 85 став (1) од Изборниот законик.